Насловна / Вести / Со рециклирање на пластика до универзален лепак за повеќекратна употреба

Со рециклирање на пластика до универзален лепак за повеќекратна употреба

Тим научници од Националната лабораторија Oak Ridge на американското Министерство за енергетика (ORNL), успеал рециклираната платика од домаќинствата да ја претвори во лепак за повеќе намени. Благодарение на посебните својства, сосема мала количина од овој лепак може да држи товар од дури 130 килограми. „Ова е еден од најтврдите материјал познати на науката“, велат истражувачите. Како појдовна точка тие користеле полимер кој вообичаено се наоѓа кај четкиците за заби, разни рачки, пелени и сл., а истражувачите го облагородиле со нови моќни својства преку промена на неговата хемиска структура.

ORNL1

 

Тестовите покажале дека овој лепак ги надминува сите комерцијално достапни лепаци. Тој може да се рециклира и ги задржува своите својства на температури до 200 степени Целзиусови, па може да се аплицира и на високи температури. Се претпоставува дека ќе најде примена во воздухопловството, автомобилската индустрија и градежништвото, па сега се работи на комерцијализација и подобрување на технологијата.

ORNL3

Неговите предности во индустријата и во заштитата на животната средина се во заштедата на ресурси и намалување на отпадот. Со него може да се вршат поправки или да се корегираат скапи грешки, па може повторно да се обработи за нова употреба. Истражувањето е објавено во списанието Science Advances.

ornl2

Испрати коментар

Scroll To Top