Со рециклирање на 50% од комуналниот отпад, Европската Унија би можела да ги намали своите емисии за 103 милиони тони CO2, што во економска смисла значи заштеда од 643 милиони евра.
Оваа пресметка поврзана со целите за рециклирање кои ЕУ си ги постави за 2020 година, ја направи италијанската компанија Althesys. Пет земји членки на ЕУ веќе ја достигнаа целта од 50% рециклиран комунален отпад, но земјите како Бугарија и Романија ќе мораат да ги интензивираат активностите на ова поле бидејќи треба да се поместат за 40% од сегашната состојба. Во моментот Австрија е земја со највисока стапка на рециклирање, а потоа следуваат Германија, Белгија, Холандија и Швајцарија.