Насловна / Вести / Со промена на составот на бетонот, научниците го трасираат патот кон „зелена градба“

Со промена на составот на бетонот, научниците го трасираат патот кон „зелена градба“

Околу половина од емисиите на јаглерод диоксид поврзани со производството на бетон, настанува со согорување на фосилни горива потребни за загревање на мешавината на варовник и глина, со цел да се добие обичен портланд цемент (OPC). За ова би можеле да се користат обновливи извори на енергија, но проблемот останува во другата половина на емисиите. Имено, минералната мешавина се загрева до температура над 1.400ºC и доаѓа до трансформација на калциум карбонатот и глината во мешавината на клинкер (кој првенствено се состои од калциум силикат) и јаглерод диоксид – при што вториот влегува во воздухот. При производството на бетонот, OPC с емеша со вода, шљунак и песок и станува високо алкален. Тој е наизглед идеален за секвестрација и долгострајно складиштење на јаглерод диоксидот во процесот на карбонизација. Меѓутоа, поради ова зацврснатиот бетон со време може да ослабне, да дојде до намалување на алкалноста што ќе доведе до корозија на арматурата и загрозување на носивоста на зградата.

mit1

Научниците од MIT откриле дека со воведување на нови материјали во постоечките процеси на производство на бетон, би можело драстично да се намали емисијата на јаглерод без промена на механичките својства на бетонот. Истражувањето е објавено во часописот PNAS Nexus. Со истражувањето е откриена секвестрација на јаглерод диоксидот до која доаѓа со рано формирање на карбонат во текот на мешањето и излевањето на бетонот, пред зацврснувањето. Ова е постигнато со додавање на натриум бикарбонат – евтина состојка позната како сода бикарбона. Со тестирањето е утврдено дека до 15% од вкупните количини на јаглерод која настанува во производството на цемент, може на овој начин да се минерализира во рана фаза, што на глобално ниво е значајна количина. Сепак истражувањето и натаму трае, и сеуште не е познато како материјалот ќе влијае врз долгорочните перформанси на бетонот.

mit2

Идејата за карбонизација на бетонот во раната фаза не е нова и повеќе компании вршат вакви истражувања. Откритието на MIT би можело да се комбинира со други иновации, со цел да се создаде „позелен“ па дури и јаглеродно неутрален градежен материјал.

Испрати коментар

Scroll To Top