Насловна / Архитектура / Со повеќе од 80 илјади плочки проширен холандскиот музеј

Со повеќе од 80 илјади плочки проширен холандскиот музеј

Покрај реставрацијата на оригиналната зграда на музејот Арнем во Холандија, заедно со карактеристичната историска купола, завршено е и уникатно ново продолжено крило со фасада што привлекува внимание.

muzej

Ова ново крило, високо до петнаесет метри, не само што им дава на посетителите чувство дека лебдат над врвовите на дрвјата, туку и крие широки јавни скали што го поврзуваат крилото со реновираната градина со скулптури. Во исто време нуди прекрасен поглед на Рајна.

muzej1

Со прикажување на комбинација на природни бои, зградата буквално се претопува со околината. Севкупно, новото крило е комплетирано со 82 илјади рачно изработени плочки. Специјален градиент на боја применет на плочките се движи од земјени тонови на уличната страна на зградата до ледено сина на страната на реката. Секоја плочка е уникатна и сама по себе е уметничко дело.

muzej2

Почнувајќи од 2017 година, со реновирањето и проширувањето на зградата воведени се дополнителни 1.100 квадатни метри најсовремен изложбен и јавен простор. Новото крило сега вклучува пет нови изложбени сали и два јавни простори.

muzej3

Сепак, срцето на музејот останува монументална купола која датира од 1873 година од Корнелис Аутшурн. Во куполниот дел од објектот се сместени влезот, продавницата и кафеаната на долното ниво, додека на горниот кат е додадена салата за пристапни активности. Со реновираната купола, пристапот до обновената градина со скулптури и зелената галерија на отворено сега е целосно отворен за јавноста.

muzej4

Преку овој нов проект, старото и новото се поврзани едно со друго и со околниот пејзаж на начини што резултираат со стимулативно и разновидно музејско искуство.

Museum Arnhem januari 2022

muzej6

Museum Arnhem, mei 2022

Museum Arnhem, april 2022

Museum Arnhem januari 2022

Испрати коментар

Scroll To Top