Насловна / Вести / Со помош на дрон, научниците после 34 години „ѕирнаа“ во чернобилскиот петти блок

Со помош на дрон, научниците после 34 години „ѕирнаа“ во чернобилскиот петти блок

За прв пат после 34 години, благодарение на снимките кои ги направил специјално конструираниот дрон „Елиос 2“, научниците добија информација дали во чернобилскиот петти блок има нуклеарен отпад.  Дронот „Елиос 2“ и припаѓа на компанијиата„Флајабилити“, а неговата задача била да изврши инспекција на една од најопасните и најнепристапни локации на светот. Станува збор за нуклеарката во Чернобил, во која се случи познатата катастрофа во април 1986 година. Во времето на експлозијата, овој блок бил во завршна фаза на изградба, но не било познати дали базените во овој блок имаат шипки со гориво од осиромашен ураниум. Затоа, дронот влегол во реакторот, и за среќа утврдено е дека базените с епразни, односно во реакторот нема нуклеарен отпад. Ваков тип на дронови се користат за надзор и инспекција на електрани, со цел утврдување на клучни задачи во одржувањето. Но, оваа мисија во Чернобил била особено комплексна бидејќи дронот морал да мине ѕид од 70 метри, а во случај на губење на сигналот, дронот е неповратно изгубен. СЕпак, мисијата е успешно завршена.

elios21

elios22

elios23

elios24

 

Испрати коментар

Scroll To Top