Иницијативата Chen Zuckerberg, која сопственикот на Metа ја покрена со сопругата, објавува дека ќе се впушти во истражувања во областа на медицината со помош ан вештачката интелигенција. Имено, тие планираат да изградат компјутерски систем базиран на вешталчка интелигенција (AI) за истражување на природните науки кои се бават со проучување на човековите клетки и болести.
AI веќе неколку години се користи во доменот на природните науки. Меѓу популарните платформи, AlphaFold може да ги предвиди протеинските структури, додека RadImageGAN, AI моделот за радиологија, може да препознае широк спектар на медициснки состојби, вклучувајќи мозочен удар, срцев удар и рак. Системот ќе се заснова на податоците од софтверскиот алат CZ Cell x Gene, како и на ресурсите на двете мрежи: Chen Zuckerberg Biohub Network и Chen Zuckerberg Institut for Advanced Biological Imaging, како и на јавно достапните податоци.