Насловна / Вести / Со пет милиони денари општина Куманово ќе обновува сообраќајници и тротоари

Со пет милиони денари општина Куманово ќе обновува сообраќајници и тротоари

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Општина Куманово ќе ги обновува оштетените сообраќајници и тротоари со бехатон плочки. За оваа намена од средствата на буџетот се одвоени 4 милиони 768 илјади денари.

– Тендерот е завршен и го доби приватна компанија од Скопје, – изјави денеска помошник раководителот на општинскиот сектор за урбанизам Момчило Јовановски.

Санацијата веќе е започната во одредени делови од градот, како што е улицата „Србо Томовиќ“ во близина на Ургентниот центар. Обновата на оштетените сообраќајници и тротоари, како што потенцира Јовановски, ќе се спроведува парцијално во зависност од потребите на градот и од степенот на оштетувањата.

– Ќе се концентрираме на сообраќајниците што водат кон училиштата, потоа во централното градско подрачје, по што ќе следи обнова и санација на оштетувањата во приградските населби, – изјави Јовановски.

Според проценките на општината, ќе се санираат од три до четири илјади метри квадратни површина која е оштетена. Од општина Куманово ги повикаа сопствениците навремено да ги отстранат хаварисаните возила кои се лоцирани на улицата каде што се ќе се изведуваат активностите.

Доколку не ги остранат сами, тогаш комуналната инспекција од општината ќе ги дислоцира во депото за привремено одземени возила со кое стопанисува јавното претпријатие.

Испрати коментар

Scroll To Top