Насловна / Вести / Со панорамски трамвај до Цареви кули

Со панорамски трамвај до Цареви кули

Археолошкиот локалитет Цареви Кули се наоѓа во непосредна близина на Струмица, на западната страна од градот. Овој историски локалитет е лоциран на рид со надморска височина од 410 до 440 метри што е 154 до 184 метри над надморската височина на која се наоѓа градскиот урбан простор (н.в. од 256 метри).carevi kuli (7)

Просторна поставеност на ридот на кој е археолошкиот локалитет Цареви Кули

До археолошкиот локалитет Цареви Кулиима можност да се пристапи по постоечкиот асфалтен пат, кој е со доста кривини и мошне големи наклони на нивелетата, што условуваат просечната брзина на моторните возила да не е поголема од 30км/час. Должината на овој пат, мерена од улиците на Струмица до археолошкиот комплекс и предвидените спортски и угостителски терени во неговата околина, е околу 7,1км.

carevi kuli (6)

Поширок простор во кој се прават проучувањата за проектот

Големата висинска разлика на локалитетот Цареви Кули во однос на теренот на кој се лоцирани урбаните содржини во градот Струмица налага потреба од примена на специјален транспортен систем кој на релативно кратко растојание од 200-300 метри ќе овозможи брз и еколошки подобен пристап до историските ископини.

СПЕЦИЈАЛНИ ТРАНСПОРТНИ СИСТЕМИ ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА КРАТКИ РАСТОЈАНИЈА

Транспортни системи влечени (придвижувани) со кабел – жичари, се широко применувани за транспорт на луѓе во планински области каде релјефните облици се со изразито стрми наклони на падините. Во последните години овие транспортни системи многу се користат и во урбаните средини, а исто така нивна голема примена може да се најде и на аерoдромите.

carevi kuli (5)

Преглед на различните транспортни системи влечени со челично јаже

Системот фуникулар може да биде со две возила кои функционираат на реверзибилен принцип или само со едно возило кое се движи по иста инфраструктурна патека и во двете сообраќајни насоки т.н. фуникулар со континуирано движење.

Панорамскиот фуникулар се смета дека е дел од градскиот јавен транспортен систем за превоз на патници (пример, РАТП- Париз Метро).

carevi kuli (8)

Современ изглед на фуникулар железницата на Монтмартр во Париз

Во долната табела даден е преглед на карактеристиките на изградени фуникулар во четири града во Швајцарија, Франција и Хрватска.

Карактеристики на изградени системи фуникулар во различни земји

Карактеристики

Место

Neuchâtel (Swizerland)

Saint Imier

(France)

Zagreb (Croatia)

Pau

(France)

Тип реверзибилен една каб. реверзибилен

реверзибилен

Должина на трасата (м)

330

743

66,0

103

Ширина на колосек (м)

1,6

1,0

1,2

1,0

Висинска разлика (м)

46

351

30

26

Максимален наклон (%)

34

60

52

30

Број на возила  -кабини

2

1

2

2

Максимална брзина (м/сек)

8

5

1,5

1,5

Капацитет на возило

126

60

28

30

Извор: web Internet

Косите наклонети лифтови претставуваат модифицирана форма на фуникулар железница со само едновозило-кабина за транспорт на патници. Разликатаод конвенционалните лифтови е во тоа што со овој транспортен систем трасата може да биде адаптирана на теренот.Овој систем широко се применува особено во урбани средини за совладување на кратки делници со стрми наклони. Така на пример косите лифтови можат да обезбедат поврзувања помеѓу хотели, резиденцијални комплекси, простори за паркирање или железнички станици.

Предности на косите лифтови се: мал потребен простор, сигурен, комфорен, со мала потрошувачка на енергија, мали трошоци за одржување, тивок во употреба, нема потреба од оператор-возач, отпорен на влијанија од природата, лесен транспорт на инвалидски или колички за бебиња, можни наклони за совладување до 600, адаптибилност на постојните теренски услови. Негативна страна е малиот капацитет за превезување на патници (максимум до 30 патници/кабина).

carevi kuli (9)

Пример за наклонет лифт

Долната табела дава информации за граничните вредности за примена на кабловски влечени урбани транспортни системи. Овие лимити водат сметка за важечките ЕУ стандарди за кабелски ситеми за патнички превоз, а оние за наклонети лифтови водат сметка за ЕУ стандардите за лифтови.

Основни карактеристики на кабловски влечени системи за превоз

Тип

Максимални вредности

Возна брзина

м/сек.

Должина на делница (м)

Капацитет патници/возило

Капацитет патници/час

Фуникулар континуиран

10-14

5000

50

5000

Реверзибилен фуникулар

10-14

5000

450

8000

Наклонет лифт

1,5-5,0

300

30

500

Извор: Klaus Hoffmann, 2006

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ТРАСАТА НА ПАНОРАМСКИОТ ТРАМВАЈ

Наклонети лифтови се специјални варијанти на жичара (funicular) каде има само едно возило кое се движи и ги превезува патниците. Возилото е влечено од челично јаже кое е прикачено на електричен мотор сместен на повисоката станица. На тој начин се влече возилото по инфраструктурата. Бидејќи кај нас во државата нема правилници и законска регулатива за ваков вид на транспортни системи, за проектирање користени се правилници од Швајцарија и од ЕУ.

Проектирањето на трасата за панорамскиот трамвај е направено земајќи ги предвид проектните услови и ограничувања кои произлегуваат од аспект на изграденост на просторот и пристапност до базната станица, археолошки ограничениот простор за истражување, пристапност и локација на горната станица, вкрстување со други инфраструктурни објекти, ерозивни осетливи зони, влијанија врз животната средина, како и потребата трасата да биде добро поставена за да може панорамски да се гледа градот Струмица.

Од аспект на изграденост на просторот, најгуста изграденост со објекти индивидуални куќи е во подножјето на ридот Цареви Кули. Оваа густа изграденост со куќи условува да се избере локација за трасата каде таа најмалку би ги загрозила постоечките објекти. Индивидуалните куќи се простираат и се многу блиску една до друга по цела должина на уличната мрежа во подножјето на ридот.

carevi kuli

Улична мрежа во Струмица во близина на археолошкиот локалитет Цареви Кули

Лоцирањето на базната станица се наметнува како особено битен проектантски услов заради непристапноста во просторот, како од аспект на изграденоста во просторот така и од аспект на релјефот. Од тие причини, утврдени се два просторни коридори за повлекување на варијанти за трасите и тоа:

–       Коридор 1 кој се наоѓа на северната страна од ридот каде е предвидена базна станица во непосредна близина на Ловниот дом.

–       Коридор 2 кој е на западната страна од ридот и каде базната станица се предвидува во близина на постоечката улица Васил Главинов и отворениот одводен канал за прифаќање на атмосферските води од околните ридови.

Локацијата на горната станица, која треба да овозможи едноставен приод до археолошко историскиот локалитет Цареви Кули, е утврдена во соработка со одговорниот археолог кој ги прави археолошките истражни работи на локалитетот. Од досегашните истражни работи утврдена е линијата на вториот бедем на кулите. Локацијата на станицата е избрана за да не навлезе во просторот во кој се вршат археолошките ископи. Оваа локациј на горната станица е фиксирана и направен е увид на самиот терен. Локацијата на горната станица е фиксна точка за сите повлечени варијанти и истата не се менува во ниту една варијанта на трасата. Нејзината надморска височина е на кота од 443,07м.

carevi kuli (2)

Положба на Коридорот 1 за траса на новиот транспортен систем

carevi kuli (3)

Положба на Коридорот 2 за траса на новиот транспортен систем

Имајќи ги предвид овие проектни услови и настојувајќи со трасата да се редуцира потребата од градење на големи објекти, изработени се шест варијантни решенија.

carevi kuli (4)

Траси на повлечените шест варијанти за новиот транспортен систем

Врз база на повеќекритериумска анализа која ги зема предвид сообраќајните, финасиските, техничките фактори и аспектите за влијание на проектот врз животната средина, најдобро оценета е варијантата 3 за која е направена анализа Трошоци-Користи (Cost Benefit Analysis) за да се провери економската оправданост на проектот. Анализите покажуваат дека проектот економски е оправдан и ќе донесе голема корист за општината, но и за целиот Југоисточен плански регион за развој на туризмот.

проф. д-р Зоран Кракутовски, дипл.инж.град.

 

СИМБОЛ НА ГРАДОТ

Издигнати на доминантна позиција над градот, „Царевите Кули“ сведочат за древноста, историјата низ која живеела и се издигнала Струмица. Каде и да сте во градот, не може а да не ја забележите оваа величествена тврдина која претставува повеќеслојно наоѓалиште од различни временски епохи – од праисторијата па сè до доцниот среден век.

Овој археолошки локалитет се наоѓа на јужната страна на Струмица, на зарамнето плато на врвот од ридот, кој мошне стрмно се издига над градот, на просечна надморска височина од околу 450 метри, од каде е можна прегледност над целата Струмичка котлина, што овозможувало едновремена контрола над трите влеза во градот.

carevi kuli   

Иако, најзначаен историски симбол на градот Струмица, овој објект не доби третманот од институциите сразмерно на неговото значење.

Првите напори за целосно археолошко истражување и за обезбедување на пристапност до тврдината ги направи Општина Струмица во рамки на реализацијата на проектот “На патот на предците”, финансиран од CARDS програмата на ЕУ, кога освен споменатите активности беше извршена и конзервација на најкритичните делови од тврдината.

carevi kuli lokalitet (2) 

Оваа година, Општина Струмица реализираше уште една фаза од севкупните напори за оживување на најпрепознатливиот белег на Струмица. Со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка, а во рамки на реализацијата на проектот Наследство, беше изработена сеопфатна техничка документација за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на тврдината „Цареви Кули“ која е во согласност со наодите од претходно реализираните истражувачки процеси.carevi kuli lokalitet (3)

Во согласност со овој проект и расположливите средства оваа година беа реализирани неколку активности за реконструкција на бедемските платна од тврдината „Цареви Кули“, и тоа:  оформување на влезните партии на северната и јужната страна од тврдината вклучувајќи ја реставрацијата и делумна реконструкција на југозападната кула, целосна реконструкција на северната кула и конзервација и реставрација на делови од западниот бедем на тврдината.

Показател за сериозниот ангажман и пристап на општина Струмица во областа на заштитата на културно – историското наследство, се и дефинираните идни конкретни проекти за оживување на тврдината.

carevi kuli lokalitet

Пред се, целосно завршување на реставрацијата и реконструкцијата на тврдината, осветлување на тврдината заради потенцирање на објектот сразмерно на неговото значење, хортикултурно уредување на локалитетот и изградба на панорамско – трамвајска линија Струмица – Цареви Кули за која подетално пишуваме во овој број на списанието.

Физибилити студијата за оваа линија е финансирана од Програмата за Регионален Економски Развој во Македонија (ГИЗ РЕД), која се спроведува од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ).

 

Еден коментар

  1. Odlicen proekt. Bravo za Strumica.

Испрати коментар

Scroll To Top