Европската Комисија ги повика сите заинтересирани, од поединци до јавни институции, па пополнат онлајн прашалник и да ги дадат своите сугестии и идеи за акцискиот план за топлински пумпи, кој има за цел намалување на зависноста на Европската унија од природниот гас. Европската кКомисија сака да добие повратни информации за тоа како да го зајакне ланецот на вредности, да направи план за комуникација, да ги развие потребните вештини и да го направи финансирањето полесно достапно. Прашалникот ќе биде достапен до 30-ти август.
Преку оваа онлајн анкета, Европската Комисија ќе ги анализира мислењата, ставовите и идеите за воведување на топлински пумпи со цел да дефинира соодветни политики, се вели во соопштението. Меѓународната агенција за енергетика (IEA), минатата година прогнозираше дека продажбата на топлински пумпи во светот ќе скокне на рекордни нивоа во наредните години, бидејќи енергетската криза го поттикнува нивното користење. Една неодамнешна студија покажува дека со инвестирање во топлински пумпи со голем капацитет, Германија би можела да ја покрие целокупната побарувачка од топлинска енергија за греење и санитарна топла вода, но и околу една третина од топлинската енергија за индустриските процеси.