Насловна / Вести / Со нова платформа до поквалитетно рециклирање на лопатките од ветерните турбини

Со нова платформа до поквалитетно рециклирање на лопатките од ветерните турбини

Во следните пет години, дури 12.000 ветерни турбини ќе бидат ставени вон погон. Затоа, Здружението WindEurope, Европскиот совет за хемиска индустрија  (Cefic) и Европското здружение на композитната индустрија (EuCIA) со заедничка меѓусекторска платформа сакаат да го унапредат пристапот во рециклирањето. Само во 2018 година, благодарение на ветерот и 130.000 ветерни турнбини во Европската Унија, испорачани се 14% од потребите за електрична енергија, а тие бројки и натаму ќе растат.

wturbine1

wturbine2

Лопатките на ветерните турбини се составени од композитен материјал кој ја зголемува ефикасноста при користењето на енергијата на ветерот. Исто така, композитот е одговорен за производство на полесни и подолги лопатки.

Здружението  WindEurope објави дека денес секторот за производство  на енергија од ветерот користи 2,5 милиони тони композитни материјали. Затоа, решенијата во однос на рециклирањето се особено важни и за понатамошниот развој на оваа индустрија.

Windkraftanlage abgestürzt

wturbine4

 

Испрати коментар

Scroll To Top