Насловна / Вести / Со наводнување на пустината против тероризмот!

Со наводнување на пустината против тероризмот!

COMISAF visits RC-W Sept. 19

Еден систем за наводнување на авганистанско тло сега внесува нов живот, и шири надеж за создавање нови работни места, но и за поделотворно спротивставување на тероризмот. Авганистан е една од најсиромашните земји во светот. 80 % од населението работи во земјоделството. Но, има недостаток на обработливо земјиште бидејќи голем дел од земјата прекрива пустина. И едно подрачје во авганистанската покраина Нангархар некогаш беше пустина. Новата зелена шума и плодна земја е создадена благодарејќи на каналот за наводнување долг 25 километри.

Една јапонска хуманитарна организација во последните години вложи околу 20 милиони долари за да ѝ помогне на авганистанската економија да застане на сопствени нозе. Патот до успехот досега беше долг и тежок. Талибанците се обидуваа да ги спречат проектите, во 2008 година дури убија соработници на оваа хуманитарна организација.

Но, организацијата остана во земјата и денес селаните имаат корист од наводнувањето. Тоа создава нови работни места. Речиси една третина од авганистанскиот бруто домашен производ зависи од земјоделството. Но, ваквите проекти нудат и политичка сигурност и стабилност. Асудалах Замир, министер за земјоделство на Авганистан истакнува: „Ако на луѓето им пружиме перспектива, тоа ќе помогне тие да не паднат во рацете на терористичките групи“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top