Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се пофали дека во градот има засилени инспекциски контроли и веќе има „паднато“ мандатни казни за загадувачите. Само во последните два месеци се издадени над 300 опомени.
“Ова ќе се интензивира и овој месец. Имаме составено 137 записници и исто толку изречено мандатни казни, 40 барања за реализација на казните, 113 лица се пратени на општокорисна работа, а изречени се 220 опомени“, вели Шилегов според кого ваквите санкции не треба да влеат страв туку само да ја подигнат свеста на сите потенцијалните загадувачи.
“Само казнување како категорија настанува откако ќе се направи штетата. Меѓутоа, сознанието дека некој е казнет затоа што има штетен настан може да превенира туѓо лошо поведение“, додава Шилегов.
Како мерка за справување со загадувањето според Шилегов е и направената инспекција на 50 градилишта низ градот каде се исконтролирани фирми со Б еколошка дозвола.
Освен инспекциски надзор, градоначалникот посочи и дека со Градското енергетско претпријатие кое ќе се занимава со гасификацијата и со топловодната мрежа, исто така ќе се подобри квалитетот на воздухот. Градот доколку управува со овие два системи, вели Шилегов, ќе може да понуди и социјални пакети.
Во моментов Шилегов посочи и дека се одвива набавката на еколошките автобуси на гас. Околу 53 илјади домаќинства се грејат на дрва и во иднина, како што најави градоначалникот, чистењето на оџаци ќе биде задолжително, бидејќи чистиот оџак до 30 отсто обезбедува подобро согорување на штетните материи.
Неспособни