Оваа маичка со 40 знаци ви дозволува да комуницирате со сите во земјите од цел свет иако не го знаете нивниот јазик.
Маичката се вика „Ајкон спик“ и на неа има 40 икони што означуваат ралични нешта. Како на пример телефон, хотел, велосипед, мотор, ви-фи интернет, автобус, воз, тоалет и што ли уште не, а што е поврзано со она што на еден турист му е потребно да го добие кога патува во некоја земја.
Овие маички можеби и не ви се многу потребни ако патувате во Европа или во места каде се зборува англиски јазик, но сепак можат да се искористат на поегзотични патувања во Јапонија, Кина или во некоја од земјите во Африка.