Насловна / Вести / Со либерализацијата до 40% поевтина струја за малите компании

Со либерализацијата до 40% поевтина струја за малите компании

poevtina struja

Следната фаза од процесот на либерализација во Македонија, што ги опфаќа малите компании, ќе донесе пониски цени на сметките за потрошена електрична енергија до 40%, сметаат од Energy Delivery Solutions (ЕДС).
Најголема заштеда од 40% ќе има кај оние приклучени на втор тарифен степен, а просечното намалување на сметките ќе биде од 25% до 30%.
Во оваа фаза од либерализацијата, која треба да почне од први септември, ќе бидат опфатени меѓу 15.000 и 20.000 компании.
„Бенефит има за компаниите, а тоа го покажуваат и сметките што веќе ги добија и кај сите покажуваат намалување“, изјави Кочо Анѓушев, сопственик на ЕДС.
Тој истакна дека главните ризици за поскапување на електричната енергија се поплавениот рудник за јаглен Колубара во Србија, и кризата во Украина од каде целиот регион се снабдува со струја.

Испрати коментар

Scroll To Top