Насловна / Вести / Со кревање на бреговите на Брегалница во Штип до избегнување на опасноста од излевање и поплавување

Со кревање на бреговите на Брегалница во Штип до избегнување на опасноста од излевање и поплавување

bregaln13

Во текот на летото, локалната самоуправа во Штип со поддршка на Дирекцијата за справување со кризи започна активности за уредување на коритото на река Брегалница кај градскиот стадион, каде што излевањето буквално ги однесе тениските игралишта, а пред две години предизвика и паѓање на еден од ѕидовите на стадионот и со самото тоа полнење на истиот со вода.

Изминатите месеци, конструирана е мала каскадна брана токму спроти градскиот стадион а тешка механизација работеше на утврдување на овој дел од река Брегалница. Конструиран е висок брег, со што сега е оневозможено излевање на водата во правец на тениските игралишта и градскиот базен. За прв пат е конструиран висок брег со што е овозможена заштита а активностите продолжија и во Ново Село, каде се отстранува нанесениот песок и покрупен камен.bregaln12

Прва локација која се чисти е околу изворот Л’џи од бањата Кежовица, кој при зголемување на водостојот на реката редовно се поплавува. Со спуштањето на коритото, ќе се отстрани опасноста од ново можно поплавување а локалната самоуправа веќе го уреди и целиот локалитет кој има историска важност и значење за Штип.bregaln1

Интервенциите на речното корито на Брегалница ќе продолжат и понатаму, фазно, со цел комплетно уредување и заштита на имотите и населението во критичните зони. Останува да се реши проблемот со коритот кај новиот паркинг кај Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ каде брзите води на свиокот предизвикаа спуштање на земјиштето и целиот паркинг го доведуваат во опасност.

Испрати коментар

Scroll To Top