Насловна / Вести / Со измени во законот, Србија ќе поттикнува инвестиции во батерии за складирање енергија

Со измени во законот, Србија ќе поттикнува инвестиции во батерии за складирање енергија

Србија ја постигна целта за удел на обновливи извори во финалната потрошувачка на енергија од 27% во 2020 година, но целта за 2030 е поамбициозна и изнесува близу 40%. Имено, во трите сценариоја од Интегрираниот национален енергетски и климатски план, тој удел се движи од 41% до 43%. Во развојот на обновливите извори на енергија, државата планира да се потпира и на приватниот сектор но и на јавните инвестиции.

afdb1

Со предлогот за измени на Законот за користење на обновливи извори на енергија, кој владата го усвои пред повеќе од две недели, се планира ад се поттикнат инвеститорите на изградба на постројки за складирање на енергија. Имено, преотповареноста на мрежата поради недоволен капацитет и варијабилноста на производството од обновливи извори создава се поголеми предизвици за земјите во регионот, односно ја става во фокусот потребата од енергија за балансирање, Тој притисок може да се олесни со инсталирање на батериии за складирње на енергија. Со новите измени во Законот, во случај кога одредено барање за приклучок би било одбиено од страна на операторите на системите за пренос и дистрибуција, инвеститорите ќе можат сепак да добијат приклучок доколку инсталираат батерии со моќност од најмалку 20% од моќноста на нивната електрана на обновливи извори, и капацитет од најмалку 0,4MWh по инсталиран MW на електраната за која бараат приклучување на мрежа.

novzakon2

 

Испрати коментар

Scroll To Top