Според проектот на лондонското биро Design International, во близина на Ада Циганлија никнува нов трговски центар, кој ќе се вика Ада Мали. Овој модерно дизајниран објект од 90 000 квадрати ќе се истакнува со фасадни брисолеи и големи стаклени површини и зазеленити катни тераси.
За разлика од другите трговски центри, Ада Мали, судејќи според визуализациите што може да се видат подолу, треба да изгледа „потопол и поприроден“.
Со користењето на декоративни тули, дрвени елементи, плочки кои имитираат дрвена текстура, но и зеленило, ентериерот на овој шопинг центар ќе изгледа „домаќински“, што, се разбира, е целта на инвеститорот, односно да ги задржи купувачите што подолго во Ада Мали.
Особено интересна е дрвената текстура во централниот атриум, која би требало да има и кружен екран за прикажување на реклами.
Во рамките на трговски центар треба да има и стебла од дрвја, кои треба ентериерот да го направат уште „поприроден“.