Насловна / Арт и дизајн / Со еден клик посетете ја Плавата куќа на Фрида Кало

Со еден клик посетете ја Плавата куќа на Фрида Кало

Во време на изолација, Google Arts & Culture ја отвори вратата на бројни музеи, па така и на Плавата куќа (La Casa Azul), музеј посветен на славната мексиканска сликарка Фрида Кало.

Фрида Кало е родена 1907. година во Мексико Сити. Во тој град го поминала најголемиот дел од својот живот, кој е неверојатен и шаренолик, документиран во внатрешноста на ѕидовите на нејзиниот дом, Плавата куќа (La Casa Azul), кој по нејзината смрт, нејзиниот сопруг Диего Ривера го претворил во музеј.

Polaroid PDC 4350

5_resize

Уште од мала била опкружена со значајни политички водачи – нејзиниот сопруг е еден од највлијателните муралисти во историјата и зедно со Фрида бил член на комунистичка партија. Таа била вистинска револуционерка позната по благ карактер и жестоко испивање текила. Сопругот Ривера го запознала на забава во 1928. година, а веќе следната се венчале. Бракот им бил исполнет со љубов, со тоа што поминале околу една година разведени, за повторно да се венчаат во 1939. година.

7_resize

Плавата куќа се наоѓа во Мексико Сити, тоа била семејна куќа која ја купил таткото на Фрида, каде таа се родила, а тука и починала на 47. годишна возраст. Куќата се наоѓа во предгадието Којоакан, кое било место на собирање на многу интелектуалци во времето на Фрида. Лав Троцки престојувал во куќата од  1937. до 1939. година додека бегал од Сталин.За време на неговиот престој куќата била средиште на собирање на многу значајни политички и интелектуални водачи.

2_resize

Куќата е изградена во 1904. година во француски стил, но Ривера и Кало ја преработиле, по смртта на нејзиниот татко. Ја прошириле градината и ја осликале куѓата во живописна плава боја по која е и денес позната. Во 1958. година Диего ја донирал на Мексико, кога куќата е претворена во музеј на два ката со 10 простории.

1_resize

Животот на Фрида Кало бил краток, трагичен, полн со агонија, како физичка така и духовна. Во шестатат година преживеала детска парализа, а во осумнаесетата ја задесила несреќа од која телеото и се здобило со тешки повреди. Докторите и велеле дека никогаш нема да прооди, таа поминала долги години во кревет кога и научила да слика.

Во Плавата куќа насекаде се чувствува духот на Фрида. Во нејзиното ателје внимателно се распоредени штафелаи и боја, а во кујната сјаат фасцинантни керамички украси. Градините обилуваат со кактуси, други тропски растенија и скулптури.

Во спалната соба на креветот лежи урна во форма на нејзиното лице, чувајќи ја пепелта на Фрида. Тука е и огледалото во кое Фрида, лежејќи на кревет, се огледувала сликајќи ги своите славни автопортрети, кои се сега изложени во куќата. Нејзиниот живот е претставен и преку фустани, стегчи, накит, шминка и лични предмети.

8_resize

Денес Мусејот на Фрида Кало е еден од најпосетените музеи во Мексико, илјадници луѓе го псоетуваат секоја година, за да го почувствуваат животот на една од најпознатите сликарки на сите времиња. Каде и да одела, нејзиното присуство се чувствувало. Била насмеана дури и во однос на смртта. Полседните зборови кои ги запишала во својот дневник биле: „Се надевам дека крајот е радосен и се надевам дека никогаш нема да се вратам. Фрида“.

Виртуелната посета на Плавата куќа и поглед во животот на една од најголемите сликарки на 20. век можете да направите од сопствениот дом со само еден клик на artsandculture.google.com/partner/museo-frida-kahlo

Испрати коментар

Scroll To Top