Деталните урбанистички планови кои се јавни документи, во општина Центар станаа и реално достапни во целост. Со еден клик на веб страницата на општина Центар, граѓаните можат да имаат увид во секоја градежна парцела и да ги проверат параметрите за изградба.
Сите детални урбанистички планови се внесени во системот и од базата на податоци со еден клик се вадат изводи од ДУП – овите.
Геоинформацискиот систем (ГИС) го има и во другите општини, а во општина Центар се работи на воведување на ГИС и во другите сектори, освен урбанизмот. Секторот за градежништво и уредување на градежното земјиште веќе започна со полнење на базата на податоци.