Сер Ричард Бренсон, основач и директор на компанијата „Вирџин“, го претстави прототипот на новото суперсонично летало благодарение на кое патниците би можеле да стасаат од Лондон до Њујорк за само 3 часа и 15 минути – по „приступачна“ цена за повратна карта од 5000 долари.
Авионот „Икс Би-1“, кој во меѓувреме стекна прекар „Бејби бум“, ќе биде најбрзиот цивилен авион кој некогаш е произведен.
Ќе се движи со брзина од 2,2 маха, што е 10 отсто побрзо од „Конкорд“, кој леташе со брзина од 2 маха, и речиси два и пол пати побрз од сегашните авиони, пишува „Индепендент“.
Новиот авион ќе носи околу 40 патници, а првиот комерцијален лет се планира за 2023 година. Првиот пробен лет се очекува идната година.
Субсоничното тестирање на авионот ќе биде вршено на подрачјето источно од Денвер во Колорадо, додека суперсоничните тестирња ќе се спроведуваат во близина на воздухопловната база Едвардс во Јужна Калифорнија.
Во внатрешноста се наоѓа по само еден ред седиште од двете страни на преминот, со личен простор за багаж над главата. Авионот го создале врвни воздухопловни стручњаци со искуство во работењето на „спејс икс“, „боинг“ и во НАСА.
Пензионираниот астронаут Марк Кели, близнакот на американскиот астронаут Скот Кели, исто така е во тимот на советници за тој проект.