Насловна / Вести / Со 250 кg еклспозив срушена е поранешна термоцентрала во Германија за само една минута

Со 250 кg еклспозив срушена е поранешна термоцентрала во Германија за само една минута

Во Германија е срушена поранешната термоцентрала на јаглен Knepper, при што се употребени 250 килограми експлозив. Термоцентралата на периферијата на Дортмунд е затворена од 2014 година, а со две последователни контролирани експлозии е целосно срамнета со земја. Резултатот е 28.400 тони отпад од бетон и челик. Во првата експлозија демолиран е централниот дел на електраната висок 70 метри, а во втората ладилната кула висока 128 метри и оџакот со височина од 210 метри. Претходно, како мерка на претпазливост биле евакуирани неколку стотини жители во близина на централата. Наскоро ќе започнат работите на санација на теренот.

Германија планира да ги затвори сите свои нуклеарни централи до 2022, а централите на  јаглед најдоцна до 2038 година, според веќе подготвен динамички план, а со крајна цел намалување на емисијата на стакленички гасови и одржливост на енергетскиот сектор.

knepper2

Knepper1

knepper3

knepper4

Испрати коментар

Scroll To Top