Архитектонското студио Snøhetta е избрано да го изработи проектот за трансформација на Природонаучниот музеј во Лил, Франција. Во 2004 година, Лил е избран за европска престолнина на културата, со што ќе претставува пример во областа на уметничките и културните иновации во Франција, па и од европски размери. Амбицијата на градот е да ја редефинира својата универзитетска област во согласност со стратегијата за нов урбан развој, преку рендизајнирање и зачувување на старото градско јадро.
„Во град со традиции вкоренети во културата и уметноста, возбудени сме што работиме на проект кој го почитува градителското наследство, но и воедно се стреми кон иднината. Преку нашиот проект, имаме за цел да го ревитализираме музејот како обележје во силуетата на градот, придонесувајќи кон целите за одржливост на градот Лил“ изјави Кјетил Тредал Торсен, ко-основач на Snøhetta.
Придружуван од мултидисциплинарен тим составен пејзажните архитекти од Тактик и тимот на инженери VPEAS на Quadriplus, Snøhetta ќе го обноват и модернизираат музејот, кој треба повторно да се отвори во 2025 година.
Обемот на зафатот ќе вклучува интервенции на сите три дела на музејската зграда, задржувајќи ја автентичноста на фасадната обработка и додавање на нови содржини кои ќе придонесат кон циркулаторноста и флексибилноста на програмските содржини во внатрешноста. Ќе биде вклучено и меѓусебно поврзано проширување обложено со тули за подобро да ги обедини изложбените области на музејот, просторите за складирање и техничките операции, а истовремено да ја зголеми пристапноста до локацијата.
По повод 200-годишнината на, Природонаучниот музеј ќе преземе голема архитектонска и научна трансформација за дополнително да ја подобри истакнатата позиција на музејот, со цел да го направи знаењето подостапно за сите.
Со комбинирање на конзервација на наследството и музеј за прикажување на современиот дизајн, проектот ќе ја поддржи намерата на градот да ја комбинира урбаната рехабилитација со конзервацијата на постојниот архитектонски израз.
Отворање на музејот кон градот
Амбицијата е да се врати севкупната кохерентност и идентитет на зградата, со што ќе му се овозможи на музејот подобро да се интегрира во неговиот урбан контекст и да понуди поголема продорност во јавниот простор. Оригиналниот волумен на зградата, составен од три паралелни згради одделени со внатрешни дворови, ќе прерасне во отворен волумен кон градот со отстранувањето на моменталните нефункционални доградби. Со овој проект, исто така, ќе се овозможи тематски градини да се повидливи и достапни, дополнувајќи ги постојните музејски збирки.
Ќе се создадат низа простори, прилагодени за деца со цел да се обезбеди севкупно искуство на посетителите низ објектот. Дизајнирани во соработка со познатиот музеолог и сценограф на изложбени простори Аделин Риспал, тие ќе бидат флексибилни и ќе се прилагодуваат на новите методи на изложување, поврзувајќи ја трансверзалноста со холистичкиот пристап кон науката.
Градините во атриумскиот дел ќе создадат острови во срцето на зградата, овозможувајќи дождовницата да се впие во земјата со што ќе придонесат кон самоодржливост на флората и фауната во опфатот.
Желбата на Snøhetta да работи на одржливи проектантски решенија ги исполнува амбициозните еколошки цели на градот Лил, особено преку имплементацијата на Лилскиот пакт за ниски јаглеродни емисии, кој беше потпишан од градот во јуни 2021 година.