Snøhetta го претстави својот дизајн за хотелот Svart, сопственост на компанијата за одржлив туризам Arctic Adventure во Норвешка. Хотелот е лоциран во самиот Арктички круг, и проектиран е според принципите на т.н powerhouse, систем кој е развиен токму од страна на Snøhetta и група соработници, со цел создавање на енергетски позитивни одржливи објекти. Архитектонскиот концепт за овој проект е инспириран од традиционалните сезонски рибарски живеалишта каде имало и посебен дел за сушење на рибите. Објектот е поставен над водата од локалното езеро со минимален импакт врз опкружувањето односно екосистемот. Градењето на енергетски позитивен објект со минимален импакт врз животната средина е основен предуслов за одржлива туристичка дестинација. Дефиницијата за оваа енергетски позитивна градба е не само во тоа што објектот треба да генерира повеќе енергија од своите потреби, туку треба исто така во текот на 60 годишен период да генерира повеќе енергија отколку вкупната енергија што ќе може да ја потроши хотелот, вклучувајќи ја и енергијата з аизградба и рушење.