Американската вселенска агенција објави 30-минутно видео од Сонцето наречено „Thermonuclear Art“. Снимката е направена од Соларната динамична опсерваторија и е со висока резолуција.
Снимката е направена од леталото Соларна динамичка опсерваторија, а во нејзина заднина цело време оди песната на германскиот музичар Ларс Леонард. Ова летало го фотографира Сонцето во 10 различни бранови должини, а секоја помага да прикаже различна температура на соларниот материјал.
Станува збор за видео во кое го гледаме Сонцето од сосема поинаква научна перспектива.