Насловна / Вести / СМО: Ова лето ќе остави „длабоки рани“ во ледените делови на планетата

СМО: Ова лето ќе остави „длабоки рани“ во ледените делови на планетата

Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (СМО) објави дека ова лето ќе остави „длабоки рани“ во „криосферата“ на ледените делови на планетата Земја, поради топлотниот бран на Арктикот, топењето на морскиот мраз и кршењето на најголемиот канадски леден слој.

СМО соопшти дека температурите на Арктикот растат двојно побрзо од глобалниот просек.

Melting ice on the lake at early springtime.

“Брзото топење на морскиот мраз, од своја страна придонесува за поголемо затоплување, а со тоа се создава маѓепсан круг и последиците не остануваат на Арктикот“, вели портпаролката Клер Нулис на редовниот брифинг во Женева.

Во последните неколку месеци, според соопштението, поставени се нови температурни рекорди, вклучително и рускиот град Верхојанск, град во Сибир, во кој на 20 јуни беа забележани 38 степени.

“Она што го видовме на Сибир оваа година беше крајно лошо и исклучително тешко“, вели Нулис.

Како последица на глобалното затоплување, таа ги наведе топлотниот бран на Арктикот, шумските пожари во Сибир, речиси рекордно ниско ниво на мраз на морето, како и кршењето на една од последните целосно недопрени канадски ледени плочи на големата ледена платформа Милна.

SMO1

Ледената плоча Милна се распадна во јули, намалувајќи ја неговата површина за 43 проценти.

“Летото 2020 година ќе остави длабока рана на криосферата“, се вели во соопштението на Светската метеоролошка организација, додавајќи дека резултатот е „загрижувачки тренд“ на поплави ширум светот.

Последиците се губење на ретки екосистеми, можно давење на глечерите во океанот, што ќе доведе до покачување на нивото на морето и создавање на нови „лебдечки ледени острови“.

Денес се очекува СМО да објави извештај за влијанието на климатските промени врз криосферата.

Испрати коментар

Scroll To Top