Во долината Cuzco во Перу беа поставени три транспарентни капсули за сместување на посетителите на местото. Капсулите се со должина од седум метри и широчина и височина од 2,5 метри, изработени од алуминиум и поликарбонат кој е отпорен на надворешните влијанија. Во нејзиниот план се сместени простор за спиење, трпезарија и бања. Гостите на ова авантуристичко сместување мора претходно да искачат 122 метри за да пристигнат до капсулите, па дури потоа можат да уживаат во прекрасните погледи кои ги нуди.