Хонг Конг е познат по бурниот начин на живот и претставува вистински шопинг-рај во светот. Постојаниот притисок да се купи нешто ново (големите редици пред цели улици со продавници), стануваат инспирација за Willie Chan, Geoff Tsui и Julie Shah за да го дизајнираат ентериерот на продажниот простор на брендот Konzepp. Живописната жолта, вметната да ја оживее старата зграда, во својот концепт треба да создаде привлечен простор каде луѓето ќе можат да се соберат и да потрошат време, не само да купуваат туку да се задржат во просторот, да се социјализираат и притоа освен стандардното разменување на фискални сметки и пари, да разменуваат идеи и ставови.
Продавницата содржи канцелариски простор, продажбен дел, кафетерија и мултифункционален простор за организација на забави и настани, додека купувачите се претопени со огромните колекции на дизајнерските производи селектирани од цела Азија. Еден од основачите, Geoff Tsui ја презема одговорноста за дизајн на продавницата, преведувајќи ги облиците и формите на традиционалните јапонски оригами во впечатливата фасада и ентериер. Аспирациите на брендот Konzepp се да станат препознатлив белег во уметничката област Sheung Wan во Хонг Конг, преку маркантниот физички изглед но и со уникатните активности кои се случуваат внатре.