Кога ќе видите чист и брилијантен стил на градење, веднаш знаете дека станува збор за Шпанија? Основната идеја зад проектот на ваква вила е да се создаде таканаречено празно платно што ќе им овозможи на личноста, навиките и општото секојдневие на нејзините домаќини да дојдат до израз и да блеснат со полн сјај.
Обликот на куќата се состои од робусни и меѓусебно поврзани кубни форми. Кога станува збор за избор на материјали за градба, архитектот сакал природни и издржливи парчиња што можат да ја издржат суровата крајбрежна околина. И тука неолитот зачекорил на сцената, синтеруван камен подеднакво погоден и за ентериерите и за екстериерите на куќата.
Архитектот бил воодушевен од сјајот на арктичката бела боја, како и од силната црна темнина, што му овозможило да ја оживее својата визија до максимум. Токму интензитетот од една, и јасноста на материјалот од друга, ја овозможиле драматично чистата и јасна фасада и моментите на интензивен контраст и длабочина во внатрешноста.
Инспириран од идејата за куќа на пиедестал, архитектот одредил посебен „железен мраз“ за внатрешните и надворешните подови што му овозможуваат на гледачот да ја замисли куќата во круг, исто како да е скулпторски предмет. Пригушен бетон, интерпретација на истурен бетон е спроведено во спалните соби, мијалници, како и sидови со урбана железна сива боја што се користи во бањи за ѕидни облоги и туш кабини.
Една од најимпресивните одлики на овој дом е конзолното скалило, кое благодарение на обоените бели sидови од едната страна и проѕирните стаклени облоги од друга, создава илузија дека секој чекор лебди во воздухот.
Бидејќи неолитот е безбеден и хигиенски материјал кој никогаш не ги загрозува перформансите и визуелната привлечност, не е изненадувачки што во внатрешноста на оваа вила се користи богато во скоро сите простории. Вреди да се спомене пространата дневна соба на приземјето, во која монолитниот камин во црна боја (и неверојатен контраст со белите sидови и прозорците од подот до таванот) носи апсолутна победа.
Задебелена, пространа, визуелно фасцинантна – сè што може слободно да се најде во повеќе од богато CV на оваа вила на јужниот брег на Шпанија.