Насловна / Арт и дизајн / Smeg и Italia Independent – фрижидер преслечен со тексас

Smeg и Italia Independent – фрижидер преслечен со тексас

Smeg и Italia Independent ги комбинираат иконите од минатото за да произведат нова стилска икона.

Повеќе од 60 години, Smeg дизајнира апарати за украсување на домовите ширум светот, а Italia Independent, бренд на креативност и стил, спои две икони: FAB28 фрижидер и тексас. Дали е тоа уметност заради уметноста? Не, тоа е креативност за домот, стил за секој ден.

4

Комбинирајте и реинтерпретирајте. Користење на предмети од минатото и традиционални идеи и нивно спојување со стил и префинетост. Ова се елементите што ги инспирирале двата италијански бренда да произведуваат не само предмети, туку и предмети кои имаат своја приказна за раскажување. Така е создаден првиот фрижидер целосно преслечен со тексас.

6

FAB28 со својот распон на бои и своите меки и заоблени карактеристики е функционална, но и декоративна икона. Тексасот отсекогаш бил дел од сечија имагинација и оддава свежина и удобност, бунт и стил.

За да се користи во домашни услови, ткаенината, сама по себе е мешавина од традиција и иновација, се третира со PLASMA, нано-технологија, која ја штити површината на фрижидерот од прскање вода, масло, млеко и овошни сокови.

5

Комбинирање на стилот од минатото и најсовремената и функционална технологија во оваа синтеза се наоѓа креативноста што ја бараат Smeg и Italia Independent.

3

Тексас фрижидерот FAB28, изработен е во ограничен број од само 500 парчиња. Оние кои негуваат страст за убави италијански производи треба да го видат овој оригинален производ, Made-in-Italy, инвентивен дизајн, имагинација и оригиналност со елемент на изненадување.

1

2

Испрати коментар

Scroll To Top