Кога станува збор за брендот Dolce & Gabbana, секој производ што го носи нивниот потпис неизбежно е луксузен.
Без разлика дали станува збор за лимитирана едиција тестенини или интригантно дизајнирани кујнски апарати, брендот Dolce & Gabbana секогаш дава се од себе. Така е и со нивните дизајнерски фрижидери. Dolce & Gabbana и Smeg повторно здружени го создале овој производ.
Како и секогаш, во соработка со брендот Smeg, Dolce & Gabbana произведе 100 фрижидери кои се рачно насликани од врвни уметници, кои се избрани лично од славниот моден двоец, Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Еден од уметниците за кој фрижидерите биле величенствени платна е и Салваторе Сапиенца, кој целосно го трансформирал овој уред со романтични сцени од Италија. Секој модел доби колекција на дизајнерски елементи кои му оддаваат почит на италијанското наследство.
Двете компании припаѓаат на два различни креативни сектори, но ги обединуваат силни вредности и традиција на извонредност, „Made in Italy“. Споделуваат слично потекло вкоренето во семејството и локалната територија, тие имаат длабока почит кон традицијата и нивната креативност им овозможува вешто да комбинираат епохи, различни специјалности и сензибилитет.
Како што е наведено во официјалното соопштение на брендот: „Екстравагантен луксуз е комбиниран со утилитаризмот во новата соработка на Smeg и Dolce & Gabbana, која ни нуди серија кујнски апарати Made in Italy, со ексклузивни нумерации“. Како што можеби претпоставувате, цената на овие фрижидери е висока изнесува 40 000 американски долари.