Смедерево, прв ќе „дише“ на алги, бидеќи тревниците во градот ќе добијат фото-биореактори. Се работи за проект на српски научници од Институтот за мултидисциплинарни истражувања, кои направиле револуционерни достигнувања со микроалги. Тие веќе имаат одгледано алги со кои планираат да ја спуштат светската цена на биодизелот. Со новото открити, кое веќе доби признание од Обединетите Нации, од алги ќе се добива кислород за загадените градови, и за градовите кои немаат доволно зелени површини.
“Предноста на овој систем е во тоа што бара мала површина. Со три квадратни метри се добива ист ефект како тревник од 400 метри квадратни. Особено е поволен концепт за затворени простори“ вели д-р Иван Спасојевиќ, директор на проектот во Институтот за мултидисциплинарни истражувања.
Ова е уште еден голем успех на Институтот за само половина година. За само половина година направиле нова лабораторија и успеале да го добијат првиот вид на алги за биодизел. Проектот за производство на бодизел од алги наменет е за комерцијална употреба, а се финансира од НАТО програмата “Наука за мир и безбедност“.