Малезиските инженери нашле паметно решение кога размислувале како да ги пренасочат атмосферските води подалеку од центарот на Куала Лумпур, како и да го намалат сообраќајниот метеж. Така насттанал SMART Tunnel (Stormwater Management And Road Tunnel) за управување со атмосферските води и тунелот за сообраќај. Тунелот долг 9,7 километри е најдолгиот тунел за одводнување на атмосферските води во југоисточна Азија и втор по должина во Азија.
Главната цел на овој тунел е да се реши проблемот со поројните поплави во Куала Лумпур и да се намали сообраќајниот метеж за време на шпицот. Постојат две компоненти на овој тунел, тунелот за атмосферска вода и тунелот на автопат. Тоа е најдолгиот повеќенаменски тунел во светот. Се состои од обиколен тунел за дождовница и автопат на две нивоа. Во 2007 година коа е отворен SMART стана прв тунел во светот со двојна функција.
Во 2011 година, тунелот SMART ја доби наградата UN Habitat Scroll of Honor за неговото иновативно и уникатно управување со атмосферските води и сообраќајот во шпицот.
Изградбата на тунелот започнала во ноември 2003 година. Биле користени две машини за бушење. До јули 2010 година, системот SMART спречил седум потенцијално катастрофални поплави во центарот на градот, откако влегол во режим на работса само три недели по отворањето на автопатот. За време на буична поплава на 10 септември 2020 година, тунелот пренасочил три милиони кубни метри вода.
Ако дождот стане толку интензивен што одводниот тунел е полн, тогаш и патничкиот тунел се користи и за канализирање на поројните потоци во резервоарот Taman Desa.
Во декември 2021 година, SMART пренасочил цели пет милиони кубни метри вода од поплава по серијата врнежи во главниот град на Малезија.