Оваа станбена структура е сместена во предградието на градот Сапоро, во Јапонија, распослана на локација со типични приградски оддели и специфична висинска разлика во однос на уличниот фронт. Отисокот на градежната парцела е детерминиран од површината на објектот и неопходното повлекување на фасадните ѕидови во однос на основните архитектонски и урбанистички правила.
Внатрешноста е организирана така што од влезот започнува долг коридор кој функционира како „бафер“ зона, сегрегирајќи ги функционалните содржини и дефинирајќи поантропоморфна средина. Диференцијацијата помеѓу ентериерот и екстериерот е реализирана со напластување на растение кое постепено расте, ползејќи по метална мрежна конструкција и истовремено ја креира „бафер“ зоната помеѓу приватното и јавното.