Насловна / Вести / Словенија в година ќе има 550 станици за полнење на електрични возила

Словенија в година ќе има 550 станици за полнење на електрични возила

slovenija-polnac-za-elektricni-vozila

Иако во Словенија досега се регистрирани околу 330 електрични возила, со тренд на зголемување на нивниот број по 15 месечно, Словенија забрзано работи на зајакнување на потребната инфраструктура за овој вид на возила. Станиците за полнење на електрични возила во Словенија се присутни уште од 2012 година, а во моментот нивниот број е 225. Eден помал дел од нив се наоѓаат на автопатите како т.н. брзи станици за полнење.

slovenija-polnac-za-elektricni-vozila1

Притоа, постојат станици кои овозможуваат наплата со припејд картички, станици во кои се наплатува според минута полнење, а на неколку локации има и станици каде полнењето е бесплатно. Матеј Чет од „Аванткар“ уверен е дека следната година вкупниот број на станици ќе биде 550. Инаку, секое трето возило во Норвешка е електрично или хибридно, а на второто место по продажба на овие возила е Холандија.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top