Според податоците од Eurostat, Германија е најефикасна во Европа во рециклирањето на отпадот со 66,1%, следува Австрија со 56%, а Словенија е на третото место со 54,1%. Овој тренд секако е вообичаен за Германија и Австрија, со оглед на нивната подолга традиција во областа на рециклирањето, но претставува изненадување за Словенија како една од поновите земји членки на Унијата.
Но, зад овој успех секако стои добра стратегија и организација во областа на управувањето со отпадот. Во 2010 година Словенија рециклирала 22% од својот отпад, а две години подоцна тој процент се искачува на 42%.
(Извор: STA)