Енергетските стручњаци очекуваат голем раст на производството на нуклеарна енергија, а тој раст се базира на три столба. Првиот столб е долгорочно одржување и продолжување на работата на постоечките електрани, вториот е изградба на нови големи нуклеарни електрани, а третиот го претставуваат напредните решенија, како што се малите модуларни реактори. Основната претпоставка е дека сите три столба ќе с еразвиваат истовремено, а за тоа ќе мора да се зголемат капацитетите. Тоа е пораката од септемврискиот стручен собир посветен нa нуклеарната енергија во Љубљана.
Европската нуклеарна алијанса, чија членка е и Словенија, најави зајакнување на нуклеарките од денешните 100 на 150GW до 2050 година. Во тој контекст се и информациите во врска со евентуалната изградба на втор блок на нуклеарната електрана во Кршко. На оваа инвестиција се гледа како на најголем инфраструктурен проект во земјата, кој ќе ја одбележи словенечката енергетика во наредните неколку децении.
Проектот за електраната „Кршко 2“ се развива во компанијата GEN energija, еден од столбовите на словенечкиот електроенергетски ситем, во 100% државна соспственост. Во моментот се реализираат активности во врска со локацијата.