Словенија стана полноправна членка на Европската вселенска агенција (ESA), меѓувладина организација која има за цел обезбедување и промовирање на соработка помеѓу европските држави на подрачјето на истражување на вселената во мирољубиви цели.
Програмите на организацијата се насочени на добивање информации за Земјата, нејзиното опкружување, Сончевиот систем, како и на развој на сателитските технологии и услуги, со промовирање на европската индустрија. Агенцијата, исто така блиско соработува со вселенските организации надвор од Европа.
ESA е формирана во 1975 година, а на самиот почеток имала десет членки. Со влегувањрто на Словенија, организацијата сега има 23 земји членки, од кои три држави се надвор од Европската унија (Норвешка, Швајцарија и Велика Британија), додека Канада е придружна членка. Словенија соработува со оваа организација уште од 2009 година, а седум години подоцна станува придружна членка. Барањето за полноправно членство го поднела во ноември 2023 година на самитот во Севилја.