Веднаш по изградбата на хидроцентралата Брежице на Сава (45 MW) која е пуштена во пробна работа во декември 2016, Словенците работат на изработката на техничката документација и финансиската конструкција за последната хидроцентрала во низа во долниот тек на Сава.
Се работи за хидроцентралата Мокрице, за која се очекува сите подготвителни работи да завршат до средината на годинава, по што веднаш би почнале изведбените работи. Хидроцентралата има моќност од 28 MW, a се очекува изградбата да заврши до 2020 или 2021 година.
Централата е проектирано да произведува 128 GWh електрична енергија годишно.