Насловна / Вести / Словенија се подготвува да ги издвои термоелектраната „Шоштањ“ и рудникот за јаглен од HSE

Словенија се подготвува да ги издвои термоелектраната „Шоштањ“ и рудникот за јаглен од HSE

Словенија планира да ја издвои единствената термоцентрала на јаглен заедно со рудникот, од енергетската компанија HSE (Holding Slovenske Elektrarne), најголемиот производител на електрична енергија во земјата. Оваа државна компанија, соопштила дека ќе започне прелиминарни, подготвителни активности со цел активата поврзана со јаглен да стане самостојна целина.

Потегот е во согласност со стратегијата на Словенија за постепено напуштање на користењето на јагленот, имајќи предвид дека почнувајќи од 2025 година производството на електрична енергија од јаглен во термоцентралата „Шоштањ“ (TEŠ) ќе стане непрофитабилна поради данокот на јаглерод, но истовремено водејќи сметка за нејзината улога во националниот електроенергетски систем како производител на базна енергија.

hes1

Другите земји во југоисточна Европа, кои имаат термоелектрани на јаглен и рудници, сеуште овие капацитети ги држат заедно со хидроелектраните и другите постројки под една компанија. Исклучок е Романија. Овие главно стари и технолошки застарени системи предизвикуваат се поголемо финансиско оптоварување. Имено, во Европската унија трошоците за дозволи за испуштање на емисии на јаглерод диоксид се речиси еднакви со берзантските цени на електричната енергија. Што се однесува до земјите од Западен Балкан, нив ги очекува Механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (CBAM), што во суштина е данок на CO2 за извозот во ЕУ. Освен тоа, на компаниите со производно портфолио проблематично по прашањто на климата, им станува се потешко да дојдат до финансирање. Како и да е, одлуките во Словеија ќе бидат внимателно следени во регионот.

hes2

Замислата е TEŠ и рудникот за јаглен да оформат посебна компанија под директна државна управа. Со националната Стратегија усвоена пред две години, предвидено е најдоцна во 2033 година, целосно да престане коростењето на јагленот во Словенија.

Испрати коментар

Scroll To Top