„Електро Љубљана“, една од петте дистрибутивни компании во Словенија кои ја вршат дејноста оператор на дистрибутивниот систем, ги повикала своите купувачи да се пријават за пружање на услугата на флексибилност. Имено, компанијата им нуди на потрошувачите можност за заработка доколку допринесат за флексибилноста на мрежата, што е клучно за нејзината стабилност. Токму одржувањето на стабилноста во последните години е сериозен предизвик за дистрибутивните компании бидејќи е потребно да се обезбеди интеграција на се поголема количина од дистрибуираното производство на електрична енергија, главно од фотоволтаици.
Право да се пријават за пружање на услугата за флексибилност имаат потрошувачите кои користат електрична енергија за греење, односно топлински пумпи и електрични печки, кои можат на кратко да се исклучат. Исто така, услов е во текот на зимата да имаат месечни сметки за електрична енергија повисоки од 100 евра. Флексибилноста подразбира потрошувачот на барање на операторот привремено да ја намали потрошувачката. Заработката во период од шест месеци може да достигне и до 50 евра.