Словенија планира да ги зголеми капацитетите за производство на електрична енергија од нуклеарки, а и Хрватска е заинтресирана да се приклучи на една таква инвестиција. Еколошките активисти во Словенија се противат на идејата, а ширум Европа во време на енергетска криза, нуклеарната енергија добива се повеќе приврзаници. Премиерот Роберт Голоб ја посетил нклеарната електрана „Кршко“, која е во ремонт, и рекол дека сега е добра прилика за позиционирање на нуклеарната енергетика како опција за иднината. Тој истакнал дека на Европа ќе и биде тешко да се извлече од кризата без користење на сите расположиви технологии.
Се разбира, обновливите извори се на прво место, но ова е можност да се реафирмира нуклеарната технологија и да се понудат решенија. И Словенија и Европа, уверен е тој, сакаат енергенти со кои никој не ќе може да ги уценува, кои се технолошки под нивна контрола и со стабилен извор на снабдување. Голоб истакнал дека креирањето на политиките во оваа област е препуштено нa професионалци, а во најкраток рок се очекува да биде претставено решенето во врска со избраната технологија,. Во врска со конечната одлука за изградба на ваков капацитет ќе биде одржан референдум најдоцна за пет години од денес.cВо меѓувреме Словенија и Хрватска заедно управуваат со единствената нуклеарка уште од времето на Југославија, која користи технологија на американски Westinghouse.