Насловна / Вести / Словенија направи итни измени во Законот за енергетика

Словенија направи итни измени во Законот за енергетика

Откако во 2016 година, Европската Комисија и укажа на Словенија дека во Законот за енергетика погрешно е интерпретиран ставот 2 од член 13 од Директивата за енергетска ефикасност на згради (2010/31/EU), земјата ги усвои измените во многу краток рок. Доколку не го испочитуваше зададениот рок од два месеци кој ЕК и го зададе на почетокот од годинава, Словенија ризикуваше да се најде пред Европскиот суд на правдата. Со актуелните измени во Законот за енергетика, исто така се опфатени и ефикасните топлински системи, како и субвенционирањето на производството на енектрична енергија од обновливи извори и когенеративни постројки, каде прагот за субвенции се намалува од 1 MW на 500 kW.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top