Насловна / Вести / Словенија ќе инвестира 415 милиони евра во енергетска реконструкција на јавните згради

Словенија ќе инвестира 415 милиони евра во енергетска реконструкција на јавните згради

Energetska nadgradba logo

Словенечката влада го одобри првиот пилот проект во рамки на програмата со која до 2023 ќе инвестира 415 милиони евра за енергетска санација на јавните објекти, со цел зголемување на нивната енергетска ефикасност и намалување на трошоците за енергија. Вкупната површина на овие објекти е 1,8 милиони квадратни метри, а проектот е помогнат од Европската Унија со 115 милиони евра неповратни средства од европските фондови. Како прв пилот проект ќе се реализира санацијата на зградите на судовите во Целје, Мурска Собота и Словењ Градец, за што вкупно ќе се издвојат два милиони евра.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top