Користењето на соларната енергија е во експанзија во целиот свет, но стручњаците предупредуваат дека треба да се води сметка за изборот на локациите за нивното инсталирање, од аспект на зафаќање на земјиште и други негативни влијанија врз животната средина. Во тој контекст, намерата на две словенечки компании е прва од таков вид во регионот. Имено, компаниите SENG, која работи во склоп на државната Holding Slovenske elektrarne (HSE) и DARS, потпишаа договор за изградба на соларни електрани долж автопатиштата во Словенија. Со тоа, деградираното земјоште ќе се претвори во употребливо, а планиран е инсталиран капацитет во фотонапонски постројки од 20MW.
Словенија неодана донесе нов Закон со кој се дефинира постапката за определување на површините погодни за ветерни електрани и соларни паркови, како и приоритетните локации за фотонапоснки системи, меѓу кои се и просторите покрај патиштата.