Насловна / Вести / Словенија ќе даде 40 милиони евра субвенции за производство на новото електрично Renault Twingo

Словенија ќе даде 40 милиони евра субвенции за производство на новото електрично Renault Twingo

Словенечката влада и компанијата Renault, на крајот на јули потпишале меморандумза разбирање за производството на новата верзија на електричниот модел Twingo, во погоните на фирмата Revoz во Ново Место. Инаку, Revoz е составен дел од францускиот автомобилски гигант. Владата веќе резервирала средства со кои ќе се кофинансира потребната реконструкција на погоните за производство на ова возило. Првите автомобили од овој модел во Словенија треба да бидат произведени во 2026 година. Државата ќе учествува со околу 10-20% во оваа инвестиција, или вкупно 40 милиони евра во текот на следните неколку години.

Сите постоечки вработени во фабриката во Ново Место ќе ги задржат своите позиции, а планирано е да се вработат уште 400 нови работници. Но, тоа ќе зависи од побарувачката на новиот модел на пазарот и соодветно на тоа динамиката на производство.

Официјални претставници на словенечката влада изјавиле за медиумите дека националната индустрија за автомобили и авто делови внимателно ќе ги следи глобалните трендови, особено драматичниот развој на Кина во оваа област, алудирајќи на можни нови деловни партнерства со оваа земја. Инаку, Словенија заедно со Германија гласаа против воведувањето на новите царински давачки за кинеските електрични возила.

Испрати коментар

Scroll To Top