Насловна / Вести / Словенија ја објави Стратегијата за напуштање на јагленот и реструктурирање на регионите со јаглен

Словенија ја објави Стратегијата за напуштање на јагленот и реструктурирање на регионите со јаглен

Словенија ќе престане да го користи јагленот за производство на електрична енергија до 2033 година, во согласност со Стратегијата за постепено укинување на јагленот и реструктурирање на јагленовите региони, која владата ја усвои минатата недела. Со тоа, Словенија е една од последните земји членки на ЕУ која со прецизен датум се обврзува на напуштање на ова фосилно гориво. Таквиот потег и овозможува да користи речиси 250 милиони евра од Фондот на ЕУ за праведна транзиција. Овие средств аќе бидат наменети за трансформација на економијата во двата јагленови региони во Словенија: Савиња- Шалек каде се наоѓа единсвената термоцентрала ан јаглен и активниот јагленов рудник, и Засавје кој веќе нема активни рудници.

strategija1

Конечната потврда на годината за напуштање на јагленот доаѓа после опсежни консултации со засегнатите страни. Термоелектраната на јаглен „Шоштањ„ и рудникот за јаглен во Велење, со кои управува државното електростопанство, лобирале за продолжување на рокот, но конечно и тие се согласни со Стратегијата и дефинираниот рок. Во рудникот велат дека работните места ќе бидат сочувани уште најмалку 20 години, со оглед дека претстојат опсежни активности за затворање на рудникот кои ќе траат повеќе години по завршувањето со експлоатацијата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top