Министерството за економски развој и технологии на Словенија објави повик за микро, мали и средни претпријатија, во рамките на проект за поттикнување штедење на ресурси и енергетска ефикасност во туризмот. Програмата од 22,6 милиони евра е наменета за поттикнување на енергетската ефикасност во турзимот по пат на кофинансирање. Опфаќа и проекти од областа на обновливи извори на енергија. Ќе се покриваат трошоци за енергетска реконструкција на згради и ефикасност во користењето на ресурси, информирање, комуникации и аутсорсинг. Средствата се доделуваат во форма на т.н de minimis државна помош, според правилата на Европската унија.