Насловна / Вести / Словенија и Србија ја формираат првата регионална берза за електрична енергија ADEX

Словенија и Србија ја формираат првата регионална берза за електрична енергија ADEX

Операторите на преносните системи на Словенија и Србија, ELES и Електромрежа Србије (ЕМС), потпишаа сопгодба со европската берза EPEX SPOT, за формирање на нова берза за електрична енергија –  Алпскојадранска дунавска берза за електрична енергија  – ADEX. ELES, ЕМС и  EPEX SPOT соопштија дека ADEX ќе биде првата регионална берза за електрична енергија за централна и југоисточна Европа.

adex1

Со краткорочните планови на ADEX, опфатено е и воведување на нов пазар во тековниот ден (intra – day) во Србија и спојување на постоечкиот ден однапред (day – ahead) пазар, со единствениот пазар на ЕУ (SDAC). ADEX ќе понуди хармонизирани и единствени услуги за спот трговија сое лектрична енергија во словенија и Србија, со цел своето работење и своите услуги ги прошири и на други земји во регионот на централна и југоисточна Европа (CSEE). ELES, ЕМС и EPEX SPOT во своја сопственост ќе имаат подеднаков број на акции на ADEX, а со спогодбата се предвидува и деловно спојување на словенечката берза  BSP и српската берза  SEEPEX. Деловното седиште на ADEX ќе биде во Љубљана, а ќе има две главни постојани канцеларии во Белград и Љубљана.

adex2

ELES, ЕМС и EPEX SPOT се во понапредна фаза од преговори и со унгарскиот оператор на преносниот систем – компанијата MAVIR. „Интензивно соработуваме со нашите партнери, со цел и унгарската берза на електрична енергија –  HUPX,  во што пократок рок би се придружила на ADEX“, објаснил Andras Biczok, главниот извршен директор на MAVIR.  Според зборовите на Милош Младеновиќ, извршен директор на српската берза SEEPEX, оваа берза од самиот почеток е авангарден пан- европски пример за успешно работење во регионот на југоисточна Европа. „Иновативниот ADEX контекст, дополнително ќа ја зајакне лидерската позицција на   SEEPEX“, нагласил Младеновиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top