Европската комисија одлучи да ги изведе Словенија и Бугарија пред Европскиот суд на правдата, поради непочитување на прописите на ЕУ во врска со складирањето на отпадот, со што го загрозуваат здравјето на своите граѓани и животната средина. Словенија, и покрај ветувањата, не санирала две депонии со опасни материи од металуршко-хемиската индустрија „Цинкарна Целје“.
Бугарија пак, ниту по четири години од истекот на рокот не успеала да ги затвори депониите што не се во согласност со стандардите на ЕУ. Европската комисија во јануарскиот пакет одлуки за кршење на европските прописи, донела вкупно 134 одлуки, од кои седум се однесуваат на изведување на земјите членки пред Европскиот суд на правдата.
Извор: EurActiv