Европската унија му одобри 48,2 милиони евра на словенечкиот оператор на преносниот систем ELES, во рамките на програмата Connecting Europe Facility (CEF), за изградба на првиот далековод помеѓу Словенија и Унгарија, како и 28,6 милиони евра на бугарскиот оператор на преносниот систем за изградба на далековод помеѓу Бугарија и Грција.
Интерконекцијата Цирковице (Словенија) – Жерјавинец (Хрватска)/Хевиз (Унгарија), претставува вкупна инвестиција од 102,5 милиони евра, додека за интерконекцијата Mарица Исток 1 (Бугарија) – Неа Санта (Грција), потребни се 56 милиони евра.
Изградбата на интеконекцијата Словенија – Унгарија, ќе овозможи пристап на регионот кон енергетските пазари на истокот, како и подобрување на сигурноста на снабдувањето. Проектот, исто така е неопходен и за успешно завршување на проектот на паметни мрежи Sincro Grid. Интерконекцијата за која е задолжен бугарскиот оператор на преносниот систем подразбира изградба на нов 400kV далековод помеѓу Бугарија и Грција, со должина од 122 километри на бугарска и 29 километри на грчка територија.